Во септември ќе биде објавен седмиот јавен повик за ИПАРД

Bez autora
Aug 27 2012

Во втората половина на идниот месец ќе биде објавен седмиот јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од ИПАРД Програмата за периодот 2007-2013 година. Oгласот ќе трае 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во дневните весници. Финансиските средства од јавниот повик се наменети за Мерка 101 - Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување на стандардите на ЕУ, Мерка 103 - Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската Унија и Мерка 302 - Диверзификација и развој на руралните економски активности.

Во септември ќе биде објавен седмиот јавен повик за ИПАРДВо втората половина на идниот месец ќе биде објавен седмиот јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од ИПАРД Програмата за периодот 2007-2013 година.

Како што информира Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, огласот ќе трае 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во дневните весници.

Финансиските средства од јавниот повик се наменети за Мерка 101 - Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување на стандардите на ЕУ, Мерка 103 - Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската Унија и Мерка 302 - Диверзификација и развој на руралните економски активности.

Потребната документација за подготовка и поднесување барања, вклучително и упатствата за корисниците, ќе бидат ажурирани и објавени на веб страницата на Агенцијата во периодот до објавување на јавниот повик.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik